Член на обезбедувањето на Мицкоски во притвор: Ја претепал сопругата
Раде Ристовски член на поширокото обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, однонсо дел од на т.н претходница доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.
Информацијата ја потврдија за ТВ 24 извори од Кривичниот суд , ОЈО ГОК но и од МВР. 39 годишниот Ристовски е отстратенет од работното место, а според делото му се заканува затвор од шест месеци до три години . Односно според членот 130 став 1 од КЗ стои дека
Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето ќе се казни со парична казна - или затвор до три години додека пак од истиот член ставот 2 наведува , тој што ќе стори дело од став 1 при вршење семејно насилство ќе се казни со казна затвор од 6 месеци до три години.
Според билтенот на МВР настанот се случил во саботата на 2 мај и во него беше наведено
МВР
- На 2 мај во 23 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга. Таа пријавила дека во семејниот дом била физички нападната, дека ѝ биле упатени закани и дека ѝ бил оштетен мобилниот телефон.
ТВ 24 побара став и од Владата од каде наведуваат
Влада на Р.С.М
- Лицето за кое станува збор не е дел од непосредно обезбедување на премиерот , туку е ангажирано во поширокиот безбедносен опфат околу заштитата на личности во рамките на системот , на Министерството за внатрешни работи . Важно е да се нагласи дека институциите постапија веднаш и согласно законските процедури . Овоа јасен показател дека системот функционира неселективно , законите важат подеднакво за сите без разлика на позицијата , функцијата и ангажманот .
Освен одговорноста во конкретниот случај, со оглед на фактот дека Ристовски е дел од обезбедувањето на премиерот се отвораат прашања околу ветингот на лицата што се дел од безбедувањеѕто на премиерот но и за стандардите, проверките и дисциплинската одговорност кај лица што извршуваат чувствителни безбедносни задачи.
Истата ноќ тогаш на 2 мај МВР соопшти дека биле регистрирани вкупно четири пријави за семејно насилство, при што три лица биле лишени од слобода. Меѓу пријавените случаи има и напади врз сопруги, напад врз невенчана сопруга и бебе, како и семејна пресметка во скопско.

