Четвртата Парада на гордоста во Скопје се одржува на 24 јуни
Навреди, малтретирање преку социјалните мрежи, пцовки, борба со предрасуди и стеротипите кон нив од непосредното опкружување се само дел од проблемите со кои се соочуваат припадниците на ЛГБТИ+ заедницата.
Тие излегуваат на марш низ скопските улици, четврта по ред парада на гордоста Скопје Прајд, според организаторите новитетот е што таа се отвора како платформа за многу други каузи.
Напредокот во полето за остварување на правата на припадниците на ЛГБТИ + не е изедначен, доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права.
Заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој само со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет велат организаторите.
Парадите на гордоста во светот важат за проверен и докажан рецепт за добри забави и дружби за паметење, но пораката секако дека е најмоќниот дел- горди и гласни, затоа што љубовта е љубов. Скопје Прајд 2023, според организаторите, маршот ќе финишира со културно - уметничка програма.