Четворица професионални војници имаат шуга

Се зголеми бројот на војници заразени со шуга. Кај четворица е откриена болеста, сите се во добра состојба и се на домашно лекување, велат од воено медицинскиот центар откако кон крајот на минатата недела, беа прихавени случаи на шуга во касарната во Велес..

Др. Лариса оранска, епидемиолог во вмц

„Досега има четворица, во изолација нема, сите четворица се пратени на домашно лекување. Другите се наоѓаат во единицата и се добри и без симптоми. Ги следиме секојдневно останатите слушатели на курсот, саекојдневно ги прегледуваме, кој има некои промени, некои симптоми веднаш се упатуваат на специјалист на дополнителен преглед . За сега немаме такви.“

Од АРМ негираат дека болеста не потекнува од касарната ...Посочуваат и дека условите за сместување се сосема задоволителни и во согласност со правилата за сместување во армијата..веднаш по дијагностицирањето биле преземени сите здравствени протоколи и мерки за спречување на ширење на заболувањето... 

.Др. Лариса оранска, епидемиолог во вмц

„Сигурно е донесена од надвор..Досега не сме имале случај во армијата случаи , нити кај старешнините нити кај професионалните војници, тоа е сигурно донесено од надвор.. “

Професионални војници од касарната кои од сакаа да останат анонимни, за тв 24 тврдат дека условите за хигиена во касарната се несоодветни, без доволно топла вода и со дотраена постелнина...Од АРМ негираат дека нема топла вода за војниците , туку дека станува збор за војнички услови каде има посебен ред и посебен план и доколку се почитува тоа, нема никакви проблеми.