Четири елементи – изложба на Газанфер Бајрам во Куќата на Уранија

Во „Куќата на Уранија“ во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“, мозаици од академик Газанфер Бајрам.

Изложбата ја организира Македонската академија на науките и уметностите и е дел од манифестацијата Научна и уметничка визита 2022 на МАНУ.