Четири блок тарифи, границите драстично зголемени новата повисока цена на струјата ќе се знае во среда

Регулаторна го скори тарфиникот, остануваат четирите блока, но значително се зголемуваат границите. Граѓаните кои ќе трошат до 210 киловат часови месечно само во скапа тарифа ќе влегуваат во првиот блок.

Оние потрошувачи кои трошат до 630 киловати ќе влегуваат во вториот блок, границата во третиот е до 1050 киловат часови, а сите оние кои ќе трошат над 1050 ќе влезат во четвртиот блок. Секој блок ќе биде со фиксна цена. 

РКЕ – Блок тарифи 

-Прв блок – 1 до 210 kwh 

-Втор блок – 211 до 630 kwh 

-Трет блок – 631 до 1050 kwh 

-Четврти блок – над 1051 kwh 

Иако новата цена на струјата ќе се знае в среда, она што засега е познато е дека оние кои ќе трошат над 1050 киловат часови ќе треба да плаќаат и до 4 пати повисока цена, или цена близу пазарната. 

И покрај новиот тарифник, броилата остануваат исти. Регулаторот побара, а од ЕВН уверуваат имаат капацитет навремено да ги читаат. Дополнително РКЕ апелира навремено да се одговара и на барањата на граѓаните во однос на броилата.  

Новата цена на струјата која ќе важи од 1ви јули се поизвесно е дека ќе биде повисока од сегашната, и тоа за најмалку 10 проценти. Она што засега е познато е дека сите енергетски компании побараа зголемување на цените за своите услуги кои ги вршат, а за 17 проценти повисока цена понуди и ЕСМ на тендерот на ЕВН хоме во петокот.