Чествување на 2 Август, Денот на Републиката: „120 години Илинден - Огниште на татковината„
Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, годинава, се одбележува 2-ри Август- Денот на Републиката - Илинден. Во таа чест, делегации на Владата на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија и на Претседателот на Република Северна Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености.
И оваа година, граѓаните на Република Северна Македонија го слават националниот празник почитувајќи ги заедничките, интеркултурни вредности, меѓусебно почитувајќи се, празнувајќи гордо, достоинствено и обединето.
По повод чествувањето на денот, кога славиме 120 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, ќе се одржат низа свечености во организација, но и со учество на државниот врв.
На 1-ви август во 20:30 часот во Крушево, традиционално, во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“ се отвора истоимената манифестација која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, пред нашите граѓани. На отворањето на НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе присуствува и ќе се обрати и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Делегации на Владата на Република Северна Македонија учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден.
Одбележувањето на Денот на Републиката, Илинден на 2- Август ќе започне со настаните во Скопје, каде на свечена манифестација на Тврдината Кале во Скопје ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а високи владини делегации ќе положат цвеќе на повеќе локации во градот.

Во 8:30 часот владина делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ ќе положат свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.