Честитка на Мицкоски за католички Божик: Сите заедно ќе успееме да направиме подобра иднина за себе и своите деца
Foto

Честитка на Мицкоски за католички Божик: Сите заедно ќе успееме да направиме подобра иднина за себе и своите деца

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати дека честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, честитајќи им го празникот рожденство Христово на сите христијани кои го прославуваат според грегоријанскиот календар.

– Божик е најсветлиот празник за секој христијанин, затоа што симболиката на овој празник е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Празничната вест за раѓањето на Христос нека го исполни секој дом со радост, спокој и мир, а срцето на секој верник со љубов, наведува Мицкоски во честитката.

0 Коментари

Остави коментари