Честитка на Ковачевски за католички Божик: Да создаваме добри дела и да си помагаме, заедно да градиме поубав свет за сите
Foto

Честитка на Ковачевски за католички Божик: Да создаваме добри дела и да си помагаме, заедно да градиме поубав свет за сите

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски по повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.

- До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упатувам срдечни честитки со желба за здравје, благосостојба и спокој во празничните денови. Овој голем христијански празник повикува на сплотеност, на обединување, на создавање добри дела за себе, но и за оние околу нас, затоа што  славејќи го Христовото раѓање, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и меѓусебното помагање, наведува Ковачевски.

0 Коментари

Остави коментари