Черепналкова Трајкоска за Студио 10: Политичарите несвесно предизвикуваат штета одошто добро за граѓаните преку наративот што го раскажуваат
Јорданка Черепналкова Трајкоска од Институтот за комуникациски студии во Студио 10 рече дека истражувањето за мерењето на политички штетни наративи е многу комплексно.
- Со посебен фокус на штетните наративи, не само медиумското известување, туку и политичките актери кои ги споделуваат пораките и како тие се преточуваат во медиускиот простор и е долготрајно. Започнат е од септември и ќе трае до формирањето на новата влада. Има два големи сегменти, прво се следат политичките партии и нивните лидери и се следат и функционерите во актуелната власт. Штетниот наратив е следен и што кажуваат, а при тоа несвесно предизвикуваат штета одошто добро за граѓаните шреку наративот што го раскажуваат. Влијаат врз односите на граѓаните, демократските процеси и за да тоа не се случи, во политичката комуникација има начела на професионално однесување во комуникацијата на партиите. И без да се потпише Декларација за фер избор, треба да се почитува начелото за транспарентност, на отвореност кон медиумите и професионалност во комуникацијата. - вели Черепналкова Трајкоска.