Чепреганов: Некомпетентна комисија донесе некомпетентни заклучоци

Ова е некомпетентна комисија и донесе некомпетентни заклучоци кои ги подриваат македонскиот идентитет, јазик и култура - изјави за ТВ24 историчарот Тодор Чепреганов во врска со усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања што беа објавени вчера.

Препораките се однесуваат на подобрување на учебниците во Бугарија и Македонија во врска со античкиот период, како и на заедничко чествување на личности од средниот век.