Чавков и уште четворица осуденици во затворот во Штип се заразени со Ковид-19
Foto

Чавков и уште четворица осуденици во затворот во Штип се заразени со Ковид-19

Петмина осуденици од штипскиот затвор се позитивни на корона вирус. Позитивни на вирусот се и тројца вработени. 

Неофицијално меѓу позитивните е и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и Митко Пешов и двајцата осудени за настаните од 27-ми април, кои од затворот велат дека осудениците се изолирани во две посебни простории во рамки на установата. 

Тестирани се и десетина други осуденици кои имале контакт со вработените. Штип е еден од градовите што допрва го очекува пикот на новиот бран на Ковид 19, што само ноќеска во штипската Клиничка болница однесе живот на петмина пациенти од кои најмладиот е 48 години.

0 Коментари

Остави коментари