Час на планетата Земја: Меѓународен настан што се одбележува во над 190 земји

Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ќе биде одбележан часот на планетата земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата.  

Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време. Часот на планетата земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.