Чарлс Трети крунисан за крал на Велика Британија
На церемонија исполнета со симболика во Вестминстерската опатија, Чарлс Трети е крунисан за крал на Велика Британија. Облечен во темноцрвената кадифена облека на неговиот дедо, кралот Чарлс даде заклетва пред да му биде ставена круната на Свети Едвард и да биде прогласен за крал.
Откако заедно со Камила ќе бидат крунисани, кралската двојка, придружувана од речиси 4.000 војници, со кочија ќе тргне кон Бакингемската палата од каде ќе ја поздрават нацијата.
Чарлс кој ја наследи својата мајка, кралицата Елизабета, која почина во септември минатата година, ќе стане најстариот британски монарх и на престолот ќе седне на 73 годишна возраст.
Покрај кралското семејство, меѓу гостите се и премиерот, претставници на парламентот, шефови на држави и други членови на кралското семејство од целиот свет. Американскиот претседател Џо Бајден нема да присуствува на настанот, но во негово име ќе оди првата дама Џил Бајден.
На церемонијата ќе присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.