Чаплин

Чаплин е американски биографски комедија-драма филм од 1992 година за животот на легендата на немиот филм Чарли Чаплин. Продуцент и режисер е Ричард Атенборо, а главните улоги ги толкуваат Роберт Дауни Џуниор, Мариса Томеи, Ден Ајкројд, Пенелопе Ен Милер и Кевин Клајн. На него се појавува и вистинската ќерка на Чарли Чаплин, Џералдин Чаплин, во улогата на мајката на Чарли, Хана Чаплин.

Филмот е адаптација на делата Чаплин од 1964 година „Мојата автобиографија“ и од книгата Чаплин: Неговиот живот и уметност од 1985 година на филмскиот критичар Дејвид Робинсон. Филмот го следи животниот пат на Чаплин од неговото детство, патот кон успехот во немиот филм и последните години на прогонство во Швајцарија.