ЦГК: Здравствена установа набавила возило со кожен ремен, АВМУ за исти маски платила 500% поскапа цена од армијата

Здравствена институција е институцијата која за време на корона криза купувала автомобили, дознава ТВ 24 откако вчера Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од истражувањето во кое е наведено дека во периодот од кули до декември 2021 година како јавни набавки за КОВИД-19 се набавувани и производи што не можат лесно да се доведат во врска со кризата.

Според проверката на ТВ 24, во истражуваниот период автомобили купиле две здравствени установи. А според јавно достапните информации на официјалната веб страница на Бирото за јавни набавки една од нив купила два автомобили со прецизно наведена спецификација како треба да изгледаат истите. Според спецификацијата, автомобилите требало да бидат дизел возила со темно сива металик боја, со пет седишта и четири врати со електрично отворање на прозорците и минимум четири воздушни перничиња како заштита.

За поголемо задоволство, автомобилите требало да располагаат со радио со најмалку 2 УСБ приклучоци, минимум четири звучници но и седуминчен монитор чувствителен на допир. Што се однесува до безбедноста, автомобилите требало да имаат минимум АБС систем за стопирање, ЕСП систем против лизгање на возилото, светла за магла и челични тркала. Во склучениот договор помеѓу оваа здравствена институција и фирмата понудувач не пишува за каков вид на автомобил станува збор.

Договорот ја чинел институцијата вкупно два милиони и триста илјади денари. Другата здравствена организација пак купила две теренски возила од марката Дачиа Дастер Сув 4x4.

Но, иако купувале медицински производи за заштита од Ковид 19 тоа не значи дека другите институции што ги истражувал Центарот за граѓански комуникации не купувале под сомнителни услови што отвора сомнеж за можен судир на интереси и опасност од корупција.

Така на пример, Агенцијата за медиумски услуги во пандемијата, за една заштитна маска Н95 плаќала по 104 за една маска, а војската за истите плаќала по помалку од три денари. Иста е ситуацијата и со маските за еднократна употреба. Агенцијата ги плаќала по 4,4 денари за една, а армијата за помалку од половина денар за маска.

Што се однесува до антигенските тестови, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле за еден таков тест плаќал по безмалку 120 денари а Центар за јавно здравје Прилеп за ист таков тест плаќал по 420 денари. Инаку, најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации се однесува на 40 од вкупно 77 јавни набавки од втората половина на 2021 година сите вредни 1,25 милиони евра.