ЦГК: Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра
Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на центарот за граѓански комуникации е наведено дека зачестени се големите тендери што не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите.
Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година, стои во извештајот. Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени, така што во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27 отсто од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од три процентни поени во однос на претходната година.
Фирмите во 2018 година доставиле 695 жалби до државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37 отсто... Најновата анкета, пак, меѓу фирмите покажува дека најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е „најниската цена” како единствен критериум