ЦГК истражување: Тендери за невидливи пешачки премини

ЦГК спроведе истражување за општинските тендери за бележење на пешачките премини под наслов Тендери за невидливи пешачки премини. Истражувањето покажува дека: непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните самоуправи, конкретно за 46 од 81, нема ниту еден тендер за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година.

Помали општини, имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај, кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години.

Само дел од општините дефинираат конкретни стандарди и карактеристики на бојата, додека во голем број општини техничката спецификација е сведена само на два збора, „боја за патишта”, без никакви мерливи критериуми за квалитетот. Без минимални технички барања за бојата, нема механизам за проверка колку време ќе трае набавената боја – а јавните пари се трошат без очекуваниот ефект.

Анализата на единечните цени открива ценовни разлики и до 4 пати. Бојата е купувана од 132 до 296 денари за 1 килограм, додека пак цените за услугите за бележење со бела боја и стаклен перлит се движат од 281 до 802 денари за метар квадратен.