ЦГК: 15 директори на јавни претпријатија да добијат отказ

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека 9 јавни и државни претпријатија немаат објавено ниту еден квартален извештај со показатели за финансиското работење на нивните веб-страници, а други 6 претпријатија го немаат објавено последниот за периодот јули-септември. Во истражувањето се наведува дека се исполнети услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија. 

Законот за јавни претпријатија предвидува разрешување на директорот на претпријатието за ненавремено објавување на веб-страницата на претпријатието на тримесечните финансиски извештаи за тековната година, како и на годишната сметка и извештајот за претходната гoдина.

Во истражувањето се наведува дека една третина од претпријатија не ги објавуваат ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. 

Објавувањето на биографиите на членовите на овие управувачки органи е практика само на 13 проценти од претпријатијата, се вели во истражувањето. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации   е спроведено во рамки на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија. 

ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија,

Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија – Скопје,

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје,

Јавно комунално претпријатие Дервен Велес,

Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје,

Јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец – Струмица,

Јавно претпријатие Национална радиодифузија – Скопје,

ЈП Комуналец Прилеп

Јавно комунално претпријатие Тетово,

Истовремено својот последен квартален извештај годинава го немаат објавено на увид на јавноста:

Јавно претпријатие за државни патишта,

Јавно претпријатие Паркови и зеленило Скопје,

Јавно претпријатие Стрежево Битола,

Јавно претпријатие Водовод – Куманово,

Јавно комунално претпријатие Водовод – Битола

Јавно претпријатие Исар – Штип.