ЦГЦ: Од март 2020 година до сега државните институции набавиле 142 патнички возила
Од март 2020 година до сега државните институции набавиле 142 патнички возила - покажуваат податоците од последното истражување на центарот за граѓански комуникации.
Набавени се нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра, од страна на 42 државни институции, се вели во истражувањето. Од вкупно 142 возила најскапото е купено за 47 илјади евра.
Најмногу патнички возила набавила владината служба за општи и заеднички работи на владата, која доскорешните „пасати“ ги заменила со 45 нови „шкода суперб амбишн“.

