Централниот регистар домаќин на светски бизнис регистри од над 60 држави

Над 160 претставници на корпоративни деловни регистри од над 60 држави од денеска присуствуваат на 16. Годишна конференција на форумот за корпоративни регистри што се одржува во Скопје и Охрид.

Делегатите за време на петдневната конференција ќе дебатираат за искуствата од диунг бизнис, предизвиците при управувањето со модерните регистри и за новите ит технологии во оваа област. На 12-те планирани сесии ќе говорат 52 говорници од различни држави од Европа, Северна Америка, Австралија, Африка и Азија.

Премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на конференцијата, оцени дека иницијативите за регионално и меѓународно поврзување шти ги преземаат Република Северна Македонија и централниот регистар имаат заедничка цел, а тоа е развој на земјата на глобално ниво, промовирање како земја со поволна деловна клима, отворање на македонскиот пазар и развој на капиталните инвестиции. Директорката на централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски истакна дека регистрите не смеат да си дозволат повеќе да функционираат изолирано во своите национални системи. На отварањето на конференцијата се обрати и претседателката на форумот на корпоративни регистри розен бел.