Централната и локалната власт никако да се договорат што со спорната градба во Лагадин
Иако сите заедно сметаат дека хотелот во Лагадин не смее да се доизгради, бидејќи е во забранета зона, сепак не можат да најдат заеднички јазик.
Министерката за култура,нејзиниот колега Бочварски и градоначалникот на Охрид Пецаков, во отворена вербална војна кој е виновен а кој не, иако Управниот суд е тој што смета дека хотелот во Лагадин треба да се изгради, а сите три страни седум години велат" Не" за изградба на објектот. Градоначалникот Пецаков вели од почеток до крај ги исполнил надлежностите. Вперувањето на прстот кон него од страна на министерката за култура вели дека е од недоволно познавање на работите.
Министерот Бочварски во меѓувреме потврдува дека општината како и Министерството во неколку наврати дала негативно мислење за објектот, но не ги обезбедила сите документи со кои ќе го убеди Управниот суд дека хотелот не смее да се гради и дека поради тоа судот донел одлука во полза на инвеститорот.
Од општината за тв 24 велат дека второстепената комисија при транспорт и врски во ниту едно од решенијата не дала насоки за изведување на нови докази за огласување на Одобрението за градба.
Инаку Хотелот во Лагадин е една од точките за кои алармира Унеско и бара истиот да биде отстранет.