Центарот за јавно здравје од Велес да ја смени локацијата за земање брисеви
Foto

Центарот за јавно здравје од Велес да ја смени локацијата за земање брисеви

Загрижени жители на Велес реагираат на одлуката, Центарот за јавно здравје од овој град да ја смени локацијата за земање брисеви за Ковид. Сега таа се наоѓа во просторија, во близина на пешачка патека и парк, на кејот на реката Вардар, обиколена со стамбени згради.

Дел од жителите кои живеат во близина стравуваат за своето здравје, оти велат дека преку ден, пред објектот чекаат педесетина луѓе за тестирање, дел од нив и позитивни на вирусот, фрлаат отпадоци, а потоа местото, без да се дезинфицира, го користат деца кои играат тука, но и млади луѓе кои навечер седат на истото место.

Од Општина Велес ветија дека уште денеска за овој проблем ќе разговараат со Центарот за јавно здравје, но и дека ќе алармираат кај полицијата, оваа локација да добие 24 часовен надзор.

0 Коментари

Остави коментари