Центарот „Симон Визентал“ даде поддршка на предлог-законот на Мизрахи за забрана на клубови кои промовираат нацизам или фашизам

Центарот „Симон Визентал“ даде јавна поддршка за предлог-законот на пратеничката Рашела Мизрахи, кој предвидува да се забранат културните центри кои промовираат нацизам или фашизам.

Позадината на предложениот закон е неодамнешното воспоставување во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарски нацисти соработници, еден во Битола, именуван по Иван Михаилов и вториот неделава во Охрид, именуван по царот Борис Трети, и двајцата поддржувачи на сојузот на Бугарија со нацистичка германија, се вели во соопштението на центарот.

 

Предложениот предлог-закон е предвидено да се гласа утре во Парламентот.