Центарци живеат во барокни фасади, а зградите им се дават во фекалии

Станарите со голем проблем и во нивните подруми, поплавени со фекалии, неподнослива миризба. Се жалат, велат ова е зараза.

При изведба на фасадата на делот од градскиот плоштад, во договор со тогашниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски станарите потпишале договор во кој градоначалникот се обврзал да ја направи канализацијата од подрумскиот дел до влезот на градската канализациона мрежа за да се реши овој проблем кој е преку 10 години , кој станал уште поголем по отварање на кафаната.

Но, договорот ниту за фасадата ниту за канализацијата не се спровел.Имаат упатено голем број на приговори, поплаки, укажувања, пријави и до општина Центар и до град Скопје но меѓутоа никој не преземал одговорност да го реши овој проблем. Од општината Центар се оградија за одговорноста за овој проблем, а побаравме став од ЈП Водовод и канализација.

И од градот Скопје тврдат дека тие не се надлежни за проблемот, иако станарите покажуваат валиден договор склучен со тогашниот градоначалник Трајановски. Додека очигледно институциите играат пинг - понг со одговорноста за овој граѓански проблем, луѓето кои живеат во овој дел на скопски Центар ќе продолжат да се борат со смрдеата и водата кои се кријат зад гипсените барокни фасади.