Цените – сериозен финансиски удар

Септември за многу македонски семејства не значи само почеток на новата учебна година, туку и еден од финансиски најтешките периоди во годината. Училишниот прибор, новата гардероба за децата, зимницата и подготовките за грејната сезона можат за кратко време да создадат трошок од десетици илјади денари. Ќе опстои ли традицијата на правење ајвар во државата? - 24 ги праша граѓаните.

Мирисот на печени пиперки сè уште е дел од македонската традиција, но подготовката на ајварот полека се дели меѓу семејните дворови, рафтовите во маркетите и кујните на повозрасните. Со тезата дека традицијата опстојува, но се намалува бројот на граѓани, кои секоја година подготвуваат ајвар дома, се согласуваат и производителите, кои пак забележуваат дека од година во година потрошувачката е сè помала.

Сепак, подготовката на домашен чист ајвар зависи најмногу од цената на пиперката ајварка на пазарите. За да се добие 1 тегла чист ајвар околу 700 грама, во просек се потребни 3 kg црвена пиперка. За десет тегли ајвар се потребни околу 2.500 денари. Најмногу се одвојува за пиперката за што е потребно околу 30 килограми со просечна цена од 50 до 70 денари, повеќе литри масло кое чини и над 100 денари, плус дополнителните состојки. Но, севкупно подготовката на ајварот е макотрпна работа која се одвива во текот на еден или повеќе денови, а колку повеќе соседи и сосетки толку подобра и полесна работа.