Цените на нафтата паднаа - затишје пред бура или стбилизација?
Енергетските власти во земјава накратко здивнаа, откако цените на нафтата на светските берзи почнаа да паѓаат по објавеното примирје меѓу Израел и Иран. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е задоволен што поевтинува и природниот гас, што може да ги ублажи понатамошните притисоци врз домашниот пазар.
Иако дизелот во земјава поскапе за седум денари во последните две недели, Бислимоски не очекува ова да влијае на цените на другите производи.
Дел од економските експерти вчера предупредија дека, ако растот на цената на нафтата продолжи, Владата треба итно да преземе мерки, како намалување на акцизата, ДДВ или полнење на стоковите резерви. Според Бислимовски, некои од овие мерки веќе три години се системски решени и се применуваат.
Во меѓувреме, дел од индустриските гранки во земјава со загриженост ја следат нестабилната ситуација на Блискиот исток. Компаниите со кои разговараше ТВ24 велат дека поради неизвесноста која се менува од час во час, сè уште не можат да предвидат дали ќе има зголемување на цените на нивните производи.