Цените на јајцата и оризот замрзнати, извозот ограничен

Цените на јајцата и оризот замрзнаа, но животот на граѓаните никако да одмрзне. Граѓаните велат дека 2 до 10 денари не им го менува животот. Владата е категорична дека ги штитат граѓаните, па на граѓаните им обезбедија јајце по просечна цена од 8,5 денари и ориз од 80 до 100 денари.

И додека влада замрзнува цени, овошјето и зеленчукот го надминаа плафонот на скапотија. Кромид 90 денари, домати 180 денари, краставици 200, зелка 50. Дали ќе има замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот Бектеши вели тоа зависи од анализите на Министерство за земјоделство.

Првиот човек во ресорот земјоделство, Љупчо Николовски вели дека анализите веќе ги доставиле за да може министерството за економија да ги разгледа и да одлучи дали ќе замрзнат цените на овошјето и зеленчукот.

Бектеши денеска појасни дека откако завршија со замрзнување на цените на јајцата и оризот, ќе се разгледаат анализите за овошјето и зеленчукот.

Од Стопанската комора сметаат дека замрзнувањето на цените не е пазарно решение. Дел од месопроизводителите со кои поразговаравме на ставот дека мерките на вкладата треба да бидат таргетирани.