Цените на горивата се зголемуваат

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.68%. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.00 денари.

 

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по 1.50 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 81.00, а еден литар дизел гориво ќе чини исто 81.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.