Цените на горивата остануваат исти, поевтинува мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат,  а Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,447 денари по килограм и сега ќе изнесува 55,291 денари,  одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со денешната одлука на РКЕ, што стапува во сила од ноќеска на полноќ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 процент во однос на одлуката од 20-ти месецов.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95  и натаму останува 110 денари по литар, а 112 на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 110 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 107 денари на Екстра лесно.

 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360  проценти.