Цените ќе се стабилизираат, гарантира Мицкоски
Инфлациските притисоци во земјава се намалуваат, а Владата очекува дополнително стабилизирање на цените во наредниот период. Според премиерот Христијан Мицкоски, актуелните економски показатели се значително подобри во споредба со периодот на големата инфлациска криза во 2022 година и покрај новите глобални предизвици и геополитичките тензии.

