Цените до плафон, власта анализира дали ќе има мерки
Се додека не се покачат платите на работниците се до тогаш не може да се очекува било каква продуктивност, работникот е принуден да бара чаре за да преживее а тиа бараат продуктивност велат од ССМ.
Потенцираат дека е апсурдно функционер со плата од две илјади евра плата да кажува дека зголемување на плати ќе предизвика инфлаација. Од друга страна, животот станува потежок велат од ССМ, доволно е да се види последната синдикалната кошничка која изнесува 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари.
„Дека цените повторно се покачија и дека на долг рок гледаме дека никој не ги контролира затоа ссм ќе продолжи со барање на покачување на плати но тоа не гарантира дека ќе ја зачуваме куповната моќ ако надлежните не превземат конкретни мерки за казни на трговците кои неконтролирани ги покачуваат цените. Од септември велат ќе биде полошо со оглед на тоа дека во соседството платите ќе пораснат а со тоа и нашите работници се очекува да заминат од Македонија барајќи подобро платено работно место за издржување на своето семејство. Бараат зголемена продуктивност а нудат плата со која едвај се преживува.“ - вели Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.
Дел од универзитексите професори сметаат дека треба конкретни мерки кои ќе бидат донесени заеднички а во корист на сите засегнати страни.
Од Министерството за економија и труд ги следат податоците и извештаите на Народната банка и Министерството за финансии, како и сите надворешни фактори, вклучително и геополитичките случувања, како и движења на инфлацијата за да може да се реагира со соодветни економски механизми во рамки на надлежностите.
„Во поглед на цените на основните прехранбени производи се прават анализи врз основа на податоци и извештаи на Државниот пазарен инспекторат, како и Државниот завод за статистика и се одвиваат консултации и во рамки на Владата, за да се процени дали и какви мерки би биле најсоодветни за евентуална заштита на граѓаните од ценовни шокови или нарушувања на трговските текови. Клучно е секоја одлука да биде заснована на податоци, проактивна и насочена кон стабилност, со фокус на ранливите категории и критичните сектори.“ - велат од Министерство за економија и труд.
Откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеци е зголемена за 2 007,00 денари, додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 1 678,00 денари.