Цените до „плафон“, мерки се најавуваат „наскоро“
Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4.5%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7%, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0.8%.
„Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2.9%, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1%, Разновидни стоки и услуги за 0.9%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8%, Ресторани и хотели за 0.5%, Здравје за 0.3%, Комуникации, Облека и обувки за 0.2% и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1%.“ - соопшти ДЗС.
Од Министерство за економија велат дека има предупредување до трговците и дистрибутерите, ако анализите покажат дека се манипулира со цените на основните производи, државата ќе воведе ригорозни мерки за заштита на потрошувачите.
„Ќе го следиме однесувањето на трговците, дистрибутерите и производителите. Ако видиме енормно зголемување на цените или девијантно однесување, ќе реагираме можеби со ново ограничување на цените или проширување на листата на производи под контрола.“- велат од Министерството за економија и труд
Опозицијата на ставот дека животниот стандард никогаш не бил полош и дека граѓаните имаат се помалку за живот. Според СДСМ, Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра.

