ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Foto

ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Трговците од денеска сами ги одредуваат цените на нафтата и нафтените деривати кои ги продаваат на нивните бензиски пумпи. Макпетрол веќе ги скрои новите цени,бензините, 95 ка и 98 цата ќе ги продава поевтино за еден денар односно ќе чинат 71 и 73 денари. Дизелот поскапува за половина денар односно чини 64 денари за литар. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека не очекуваат ценовни шокови.

Од Макпетрол велат дека тие одлучиле цените на горивата да се формират на неделно ниво, а за тоа соодветно ќе ги инофмрираат граѓаните. Не очекуваат ценовни шокови, а се надеваат дека и останатите тргоци ќе го следат нивниот тренд.

- „Методологијата по која Макпетрол работи е најповолна за потрошувачите и примената на истата не предизвика ценовен шок. Сепак, појаснуваме дека основен елемент за определување на цените на нафтените деривати е цената на суровата нафта на светските берзи.“

Ваквата состојба настана откако поранешниот претседател Горѓе Иванов не ги потпиша новите законски одредби кои се ноесеа поради тоа што истече договорот со Окта и требаше да се смени метологодијата. Сега откако, новото законско решение ќе биде доенсено во Собрание и утврдена новата медтолдогија, повторно цените ќе ги итврдува регулаторната комисија за енергертика...

Според проекциите на Народната банка, годинава на светските берзи се очекува намалување на цената на нафтата.

- „Најновите оцени за светските цени на нафтата упатуваат на ценовен пад, наместо раст, во 2019 година, и на помал пад во 2020 година во споредба со октомври“ - се наведува во извештајот на НБМ.

Лани во овој период од годината литар бензин од 95 октани чинел 70 денари, од 98 окатни 71,5 денари а дизелот се продавачл за 62 денари по литар. Во 2017 година, на почетокот од мај цените на горивата биле пониски во однос на сегашните – за литар дизел се плаќало по околу 53 денари. Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Со последните ревидирани прогнози, НБМ напрви надолна корекција на вкупната инфлација за годинава на ниво од 1,5 отсто.

0 Коментари

Остави коментари