Цени до плафон, нема кој да контролира како се спроведува законот за нефер трговија

Законот за нефер трговски пракики е 48 часа на сила, но нема кои да провери дали тој се почитува на терен. ВМРО-ДПМНЕ сега се сети по скратена постапка да носи закон со кои комисијата за заштита на конкуренциајта ќе има зголемени надлежности.

Според нашите информации ќе се формира посебно тело од осум члена кое ќе биде во рамките на оваа атимонополска комисија. Односно само пет лица ќе бидат надлежни за цела територија на државата да вршат контроли по маркетите и компаниите а тројца ќе имаат овластување да казнуваат.

Бојан Стојановски кој е еден од предлагачите на новиот закон за Тв24 вели дека досега комисијата немала ваков кадар кои вршел контроли на терен.

„Тоа е и мотивот за кое што ние го поднесовме овој закон, сега наместо една институција која што ќе треба да ги контролира цените имаме две институции, кои што директно се одговорни за држење на ценовната стабилност. Државниот пазарен инспекторат е за да ги контролира одлуките на владата за ограничување на бруто маржата или за замрзнување на цените, додека оваа комисија е одговорна во раките за законот за нефер трговски практики, да ги спречи нечесните трговски практики кои што досега беа актуелни на пазарите и кои што ги креваа цените и поракј тоа што имаше одлуки од владите.“ - Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните велат дека цените се минимално намалени и досегашните мерки кои што ги воведе владата немаат никакво влијание за да се подобри куповната моќ.

„Многу малку, не сум задоволен према прензиите“ 

„Мала промена има нема голема промена“

„Огромни се, намалено е само денар два денари нема повеќе“

„2-3 денари, некој производи воопшто не се намалени“

„Па од артикал по 3 денари“

Во исто време кога вмро дпмне донесе ваква мерка која стапува на сила, опозицијата смета дека мерката е некорисна.