Цената на струјата стабилна до декември - што потоа?
Foto

Цената на струјата стабилна до декември - што потоа?

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава - тврди и првиот човек на Регуаторна и премиерот Зоран Заев, но што ќе се случува по 1 јануари се уште е рано да се прогнозира.

Според Бислимовски состојбите се менуваат од минута во минута. Вели цената на гасот, а со тоа и цената на електричната енергија, ќе се стабилизира во момент кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија. 

„Во овој момент ЕСМ во соработка со Владата преземе активности да се набави јаглен со цел да се стабилизира цената на електричната енергија во државата пред се за стопанството. Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1 јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента. Поконкретни информации ќе имаме во текот на декември кога МЕПСО и ЕСМ ќе ги распишат своите тендери за набавка на загуби на електрична енергија.“ - вели Марко Бислимовски - претседател на РКЕ.

По алармите на колегите од соседството, но и по широко, се вклучи црвениот аларм и во земајва. Премиерот вели енергетска криза ќе имаме, но државата, иако не открива детали како, посочи дека ќе интервенира кога ќе биде потребно. Најави можен Ребаланс на Буџет се со цел да се ублажат последиците кон граѓаните и фирмите. 

Пораките од надлежните доаѓаат во време кога во земјава се најавува инвестиција вредна 500 милиони евра, но таа би била готова за 6 години. Германска компанија ќе гради ветерници, на полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, и ќе се снабдуваат со електрична енергија 290.000 домаќинства.

0 Коментари

Остави коментари