Цената на нафтата го достигна „дното“, сега ќе се зголемува
Foto

Цената на нафтата го достигна „дното“, сега ќе се зголемува

Дали 1000 денари во овие вонредни услови со корона кризата ја имаат истата вредност како лани овој месец? Или кризата повлекува инфлација, односно ја намали вредноста на парите и предизвика општ пораст на цените.

Денешната состојба на зелените пазари покажа дека цените на зеленчукот и овошјето паѓаат, зашто на тезгите се извадија домати, крставици, јагоди, не од увоз, туку произведени во Македонија.

 Но Статистиката покажува дека храната во април, во однос на истиот месец лани е поскапа за 1.3 %. Најголем скок има кај маслото 12%, овошјето поскапело за 8%. Лебот и месото се поскапи за над 4%, а алкохолот и цигарите за 4,6%. Но генерално статистиката мери дека животот станал поевтин за 0.1 % поради падот на цените на нафтата.

Од Регулаторна велат дека овој енергенс, кој го достигна својот минимум и сега оди нагоре, нема да повлече инфлаторна спирала.

 „Јас не очекувам да има никакви влијание врз инфлацијата зашто цените на бензините и на нафата се далеку пониски од минатата година или почетокот на оваа и тогаш не сме имале никакви проблеми. Дополнително, доколку цените на светските берзи започнат да растат, согласно уредбата со која се утврдени акцизите за нафтените деривати, чекор по чекор акцизите ќе се намалуваат“. - Марко Бислимоски, Регулаторна комисија.

И покрај краткорочните нарушувања на цените поради пандемијата со Ковид-19, во земјата не постојат основи за трајна инфлација или дефлација. Од Народната банка велат дека нема закана. Во првиот квартал е измерена инфлација од 0,6%, а НБРМ ги спушти проекциите и до крајот на годината.

„Во однос на идните движења на цените, поголем дел од меѓународните и домашните институции очекуваат ниска, дури и негативна стапка на инфлација во 2020 година. Ваквите очекувања во голем дел се одраз на очекуваниот пад на економската активност, како во глобални рамки, така и во домашната економија“.

На ниво на Еврозоната годишната стапка на инфлација се спушти на 0,7%. За до година кај нас Народната банка очекува инфлација од 1,5%.

0 Коментари

Остави коментари