Целата здравствена историја на мобилен телефон
Граѓаните отсега можат да ја имаат целосно својата медицинаска историја на телефон.
Упати за прегледи, рецепти, прегледите кај матичните лекари, болнички извештаи, лаболаториски резултати, вакцинален календар се само дел од податоците кои ќе бидат достапни во апликацијата „Мое здравје“ што ја промовираше министерството за здрав ство, податоци кои ќе се преземаат од 10 годишниот здравствен сервер „Мој термин“.
Мобилната апликација „Мое здравје“ што во себе ги содржи податоците за кои досега граѓанинот мораше да отиде кај матичен лекар кои беа достапни само кај нив преку мој термин, сега секој со пријавување на апликацијата ќе ги добиваат информациите на својот мобилен телефон. Поголемиот дел од граѓаните се уште не се запознаени со оваа апликација.
Со дигитализирање на државните органи која е цел на министерсвото за информатичко општество и администрација, населението институционалните услуги ќе ги добива со помош на интернет, за пократко време.
Министерот Азир Алиу вели дека се предвидува креирање на агенција за дигитализација што ќе ја има главната улога во виртуелизација на услугите во сите министерства за дигиталното трансформирање на државата.