Цеков во 24 анализа: На стопанството му се потребни евтини кредити за да го зголемат производството и конкурентноста

Миле Цеков пратеник од ЗНАМ во 24 анализа рече дека рано е да се даде било каква проценка за економскиот раст но треба да се почитуваат извештаите на Светска банка и ММФ. Според него, на нашата економија главен двигател мора да и биде извозот.

„Кратко време е да се даде била каква оценка но треба да се почитуваат извештаите и на Светска банка и на ММФ. Таму има одредени забелешки и препораки на кои треба да ставиме фокус. ММФ сугерира дека ќе влијае и иселувањето но сепак мислам дека поради глобалните измени, ќе има влијание и взр надворешната побарувачка. Сметам дека релативно кратко време е, се уште сме во прв квартал.  Од информациите што ги имам покажуваат позитивни трндови во однос на претходната година“, Цеков.

Тој зборуваше и за тоа дека на нашата економија главен двигател мора да и биде извозот.

„Не е битно од каде се парите битно е да има евтини кредити. Ако малите стопанства работат, буџетот на државата се полни преку даноците. На нашата екопномија главен двигател мора да ни биде извозот. На стопанството му се потребни евтини кредити за да вложуваат и да го зголемат производството и да ја зголмат конкурентноста“, додаде Цеков.