Царовска: Состојбата во училиштата е безбеднa
Foto

Царовска: Состојбата во училиштата е безбеднa

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во тв гостување.

-Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенира, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН на дневно ниво добива информации за секој заразен ученик во секое училиште и е во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, каде се доставуваат тие извештаи, со цел навремено делување доколку дојде до промена на ситуацијата со заразата во училиштата.

-Апелирам до Народниот правобранител да бидеме во координација, да не шпекулираме, за да можеме да стигнеме до квалитетно образование и тоа со физичко присуство во време на пандемија, кое е од највисок интерес на децата и тоа не е потврдено само од нашата држава, туку и од меѓународни организации кои се грижат за квалитет на образованието во земји во развој како нашата, рече Царовска.

0 Коментари

Остави коментари