Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации
Дебатата за воведување на сексуално образование во македонските училишта последниве денови повторно се разгоре на социјалните мрежи. Бурата се подигна откако организацијата „Од нас за нас“објави дека сексуално образование ќе се воведе за учениците од второ одделение. Министерката за образование Царовска, вели тоа се лажни вести, но без конкретен одговор кога овој предемет како изборен ќе се најде во новиот образовен концепт.
Лажни вести се дека сексуалното образование ќе се воведе за учениците од второ одделелние. Министрката за образование Царовска вели дека граѓаните треба да ги следат официјалните владини канали и да не веруваат во се што ќе прочитаат на социјалните мрежи. Сепак без конкретен одговор- кога овој предемет како изборен ќе се најде во новиот образовен концепт.
Сеопфатното сексуално образование како пилот проект веќе почна да се реализира. Лани се одржаа обуките за наставниците од четири училишта. Предметот ќе биде изборен за учениците од девето одделение. Денес и 93 невладини организации дадоа подршка за овој концепт, сметаат дека неговото воведување ќе значи унапредување на родовата еднаквост, но и превенција од сексуално вознемирување и насилство.
„Младите ќе бидат насочени повеќе кон логичко учење наместо фактографско, ќе имаат можност за дискусија, саморефлексија, носење на заклучоци преку интеракција, тимска работа и отвореност за туѓите приказни и искуства“. - пишува во писмото.
И во регионот жестоки се дебатите околу воведување на сексуално образование во училиштата. Иницијативата на организацијата „Не значи не“ во Србија ќе ја разгледува Владата. Во Хрватска деновиве се покрена петиција, сексуалното образование да стане задолжителен предмет во улилиштата. Експертите од регионот сметаат дека неговото воведување е значајно бидејќи и на факултетите психолозите и другите стручни лица не се едуцираат на адвектен начин да им помогнат на жртвите посебно на сексуално насилство.