Цаца Николовска за ТВ 24: Нема судски предмет за корупција кој е завршен

Маргарита Цаца Николовска, екс судијка во Стразбург судот за човекови права во емисијата 24 анализа рече дека е оптимист и смета дека не кој однадвор во дадена ситуација ќе има можност одредени прашања подалеку да ги разгледува, а со тоа и да ги детектиреа состојбите.

- Состојбите со корупцијата не  ни се непознаница кај нас, сите зборуваат за тоа, вклучувајќи ја и американската амбасадорка која отворено кажа дека има корупција и дека таа мора да се санкционира. Ако сите ние тврдиме дека ја има или перцепција дека ја има и резултат на тоа е недовербата во судството. Жално е и се надевам дека овој тим ќе успее на некој начин да влезе подлабоко од националните тимови. Нема предмет за корупција кој е завршен. - вели Цаца Николовска.