Бурни реакции по „спогодбата“ за случајот со Мемети, за судијата Георгиев 3 години затвор
Бура од реакции предизвика веста дека поранешниот народен правобранител и актуелен член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети и врховниот судија Наѓе Ѓорѓиев се спогодиле со обвинителството за да добијат помали казни. Двајцата се обвинети дека земале мито за да влијаат врз обвинителството во случајот со шверц на марихуана во кој е вклучен екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев. Спогодбата значи и признавање на вината, па Ѓорѓиев ќе добие само три години затвор, а Мемети условна затворска казна и забрана да врши дејност во следните две години. Универезитетскиот профестор Јове Кекеновски вели дека оваa одлука ја прели чашата во судството, на кое му требаат итни реформи. Наместо драстична казна како пример за сите идни функционери, Мемети и Ѓорѓиев ќе поминат речиси неказнето, вели Кекеновски.
Двете спогодби ја разлутија власта. Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи поради ваквите слулаи, побара коренити реформи во правосудството.
Обвинителот на ДУИ, Ислам Абази, побарал условна казна од 1 година за другиот обвинител на ДУИ, Иџет Мемети, кој беше фатен како прима поткуп од 10.000 евра за да влијае на намалување на казната на политичар обвинет за трговија со дрога. Затоа сме во ситуација кога само 2 отсто од граѓаните веруваат во правосудниот систем. Обвинителството и судството имаат потреба од коренити реформи, ветинг и нов почеток, каде веќе нема да има место за обвинители од ваков тип, корумпирани и под влијание на политиката и наркокартелите.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска вели - мораме да направиме нешто со што ќе ја зголемиме довербата во судството и затоа очајно ги молам сите кои имаат предлози да ми ги кажат. Реагираа и од коалицискиот пратнер ВЛЕН.
Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја. Коалицијата ВЛЕН бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Северна Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството.
Поранешниот народен правобранител Иџет Мемети заедно со врховниот судија Наќе Георгиев беа осомничени дека за 10 илјади евра лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, обвинет за шверц со марихуана. Мемети, во кого додека беше омбудсман граѓаните гледаа спас од неправдите, цело време негираше дека земал мито, за на крај да го признае делото, а во замена речиси доби слобода.