БУЛИНГОТ ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТ НИЗ УЧИЛИШТАТА
Foto

БУЛИНГОТ ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТ НИЗ УЧИЛИШТАТА

Во училишните клупи и дворови, помеѓу часовите, на големите одмори, но и надвор од образовните установи – пцуење, тепање, понижување и потсмев од своите врсници доживеале голем број на ученици во македонските училишта. Насилството помеѓу врсниците е секојдневна појава, но малку се зборува на оваа тема. Ученици пред камерата на ТВ24 говорат за булингот во нивните училишта.

- „Па има во секое училиште, ќе му речат на некој ученик да дојде после училиште, се собираат и се тепаат. Обично е надвор од училиштето, бидејќи доколку е во училиштето ќе интервенира обезбедувањето. Се собираат повеќе деца и со голи раце се тепаат“ - Ученик во основно училиште.

- „Бев сведок на неклку тепачки, но тоа не е организирано како игра туку баш како тепачка, доаѓаат со целосна опрема, со боксерски ракавици, сепак е мнгоу страшно бидејќи може да премине во друга крајност. Неколку деца од моето школо се договорија така, но за среќа не заврши толку страшно. Професорите воопшто не разбраа бидејќи беше надвор од училиштето“ - Дарко Димзов - Ученик во основно училиште.

Насилството помеѓу учениците ретко кога го забележуваат наставниците и психолозите, обично тие се вклучуваат во решавањето на проблемот откако ситуацијата ќе ескалира, велат учениците со кои разговараше нашата екипа..

- „Не се преземаат доволно акции уште пред да се случи насилството, никој не разговара за тоа пред да се случи, туку отпосле откако жртвата веќе претрпела штета. Не знам дали професорите се запознаени со конкретни случки, но мислам се свесни дека постои, само што многу малку од професорите зборуваат за тоа или ги користат часовите за да се говори на таа тема, за да кажат како треба да се однесуваме во таков случај како да го пријавиме булингот и слично така што мислам дека не е тоа доволно застапено генерално во сите училишта“ - Ученичка.

- „Сметам дека професорите додека проблемот не стане голем, не го забележуваат како нешто многу битно, бидејќи мислам дека сметаат дека доста нормална појава е булингот, мислат дека поминуваме низ пубертет низ таков период и го гледаат како нешто не многу опасно, иако јас мислам дека е многу опасно“ - Невенка Павловска.

Учениците кои се жртви на насилство од своите врсници може да имаат сериозни и долготрајни последици врз нивното психичко, но и физичко здравје. Во најлош случаj долготрајниот булинг може да заврши и со самоубиство на жртвите, потенцираат од младинскиот образовен форум. Колку побрзо се спречи злоупотребувањето, толку е подобро за жртвата, но од младинскиот обраовен форум сметаат дека системот не знае да го препознае булингот и дека надлежните реагираат кога веќе е предоцна.

- „Мора да се работи со самата жртва, со насилникот и со оние кои биле сведоци. Тука мора да се вклучат стручните служби, психолозите, педагозите и дефектолозите што ги има училиштето, мора да се работи со наставниците кои најчесто не знаат да го препознаат булингот, кој се случува ме ѓу часовите, но не знаат како да го препознаат и мора да се работи со самите родители бидејќи тие се клучни во оваа алка“ - Мартина – Младински образовен форум.

Истражувања на УНИЦЕФ покажуваат дека:

 20 отсто од жртвите не се редовни на училиште за да избегнат малтретирање

29 отсто имаат проблеми со концентрацијата

22 отсто чувствуваат симптоми на физичка болест

20 отсто имаат проблеми со спиењето

Одреден процент жртви се обидуваат или извршуваат самоубиство

Многу ученици кои се злоупотребувани или не пријавуваат злоупотребување кај возрасните, или многу долго чекаат пред да го направат тоа, а истражувањата на УНИЦЕФ укажуваат на тоа дека проблемот погодува многу повеќе ученици од што за тоа се свесни родителите или наставниците..Невладиниот институт за европски образовни , социо културни и европски политики Европа за тебе, веќе низ неколку градови во Македонија со универзитетски професори извршија неколку обуки за тоа како наставниот кадар да препознаат и превенираат врсничко насилство.

0 Коментари

Остави коментари