Бугарското собрание повторно се активира со носење на декларации посветени на Македонија
Бугарското собрание спрема нова Декларација за Македонија. Документот со 9 точки потпишан од Екатерина Захариева, кој помина едногласно на комисијата за надворешна политика и треба да се достави на гласање во пленарна сала, ги осудува, како што пишува, актите на насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, нападот врз Пендиков, а има и приговор за неспроведување на Договорот за Добрососедство и точка против измените на законот за здруженија во земјава. Во членовите 7 и 5 стои:
Декларација за Македонија
член 7 - Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политички простор на Сееврна Македонија и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите.
Член 5 - Изразуваме загриженост, дека антибугарската кампања која ескалира во Република Северна Македонија се заканува на внесувањето на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат за членство во ЕУ.
Се огласи и екс бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вели, дека гледа обид за враќање на Македонија под руско влијание, а неговата партија ГЕРБ ќе инсистира да се најдат виновниците за случајот - Христијан Пендиков.
- Сега има кривично дело, пукање, тепање, скршена му е вилицата, тоа е средно тешка повреда. Се додека не ги најдат виновниците и не ги изведат пред лицето на правдата, ние ќе се залагаме тоа да се случи. - изјави Борисов.
Од Скопје, пак, порака од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ги повика бугарските политичари да не се фрлаат во лов на политички поени за избори и да го свртат погледот дома.
Христијан Мицкоски ВМРО ДПМНЕ 7мин– Да се посветат на подобрување на стандардот во нивната Бугарија, наспроти тоа да градат кампања на тоа кој повеќе ја мрази, кој повеќе ќе плука по Македонија и по Македонците, затоа што изминатите 30 години за 30 проценти е намален бројот на жители во Бугарија и тоа не случајно тие бегаат од Бугарија иако е членка на ЕУ.
А во пресрет на 4ти февруари, како што растат тензиите, премиерот Ковачевски, смирува. Во интервју за 360 степени вели
- МВР во комуникација со безбедносните служби, тука пред се мислам на АНБ и АР ќе ги спроведе сите потребни активности согласно законите кои што важат. - рече Ковачевски.
Во понеделник се чека првите луѓе на бугарското МВР и првиот разунавач на Бугарија заедно со македонските колеги, на средба во Скопје,да ја смират наелектризираната атмосфера пред 4-ти февруари. Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ пак веќе најави дека на 4 февруари, цел ден ќе чува стража на гробот на Гоце Делчев. На социјалните мрежи пак се организираат граѓани кои планираат да постават блокади на патиштата.