БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ ЈА ИЗГЛАСА ДЕКЛАРАЦИЈАТА СО УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА СО ЕУ
Foto

БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ ЈА ИЗГЛАСА ДЕКЛАРАЦИЈАТА СО УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА СО ЕУ

Бугарското собрание ја усвои декларација со која се предвидува Софија да даде целосна поддршка за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија за Македонија и Албанија. Со 129 гласа ЗА, четворица против и еден воздржан, парламентот го одобри докоументот во кој се наведува дека бугарското Народно собрание е посветено на проширувањето на Унијата и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија. Сепак, во декларацијата се нагласува дека европската интеграција на двете земји не смее да биде на штета на искривување на историските настани, документи и артефакти, како и на улогата и ставовите на лицата од бугарската историја.

- „Рамковсната позиција е многу добро аргументирана, структурирана и е напишана со одмереност. Одмереноста која се гледа во оваа рамковна позиција сепак треба да ни зборува дека ние демонстрираме национално достоинство.“ - Џема Грозданова – ГЕРБ.

Бугарското Собрание исто така бара македонија целосно да го спроведе договореното и постигнатото во рамки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, тоа да биде вклучено во училишните програми и материјали во најкус можен рок, но исто така и да се прекине со секаква форма на говор на омраза кон Бугарија...

- „Да се воздржат од дејствија што се однесуваат на обиди за поддршка и поттикнување на тврдења за признавање на т.н. „македонското малцинство“ во Бугарија, вклучително во меѓународни организации и мултилатерални формати. - се наведува во едно од барањата до земјава наведени во Декларацијата..

Официјална Софија исто така ги повика властите во скопје без одложување да го спроведат договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година.

0 Коментари

Остави коментари