Бугарско МНР: Подготвени сме да го потпишеме протоколот според член 12 од договорот со Северна Македонија

Подготвени сме за потпишување на протоколот според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија. Бугарското министерство за надворешни работи излезе со став откако собранието даде зелено светло на францускиот предлог и одобри почеток на евгоинтегративниот процес на Македонија.

Од бугарската диполоматија велат дека на потег сега се властите во скопје, кои според министерството, треба да покажат посветеност но и желба за европска иднина ...

„Брзината со која Република Северна Македонија ќе пристапи кон членство во Европската унија зависи од неа и нема да се одложи доколку земјата ги исполни преземените обврски во однос на европските вредности и добрососедските односи.“ - велат од Министерство за надворешни работи на Бугарија.

Еден ден откако пратениоците го одобрија францускииот предлог, Румен Радев им порача дека Бугарија можела да добие многу повеќе доколку оние кои биле дел од преговорите повеќе се потрудиле. Според бугарскиот претседател, пратениците не ги обезбедиле неопходните заштитни механизми и предупредува дека и следните бугарски влади ќе имаат проблеми за време на преговорите.

„Францускиот предлог содржи многу од основните бугарски барања, но можеше да биде многу поуспешен воопшто, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветија многу повеќе внимание на целиот овој процес, доколку дипломатите од МНР не се потпираат само на институцијата Претседател и не губат многу време и енергија во обидот да ја доведат дивергентната политика на премиерот во некаква прифатлива рамка.“ - изјави Румен Радев претседател на Бугарија.

Македонија веќе го одби францскиот предлог. Но дали шефот на македонската дипломатија најавува дека модификациите би можеле да бидат во полза на Македонија. Османи вели дека според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на унијата и како таков би станал дел од преговарачката рамка без никакви квалификации, додавки и толкувања.

Во емисијата „360 степени“, Османи истакна и дека се надева дека корекциите кои ги усвои бугарскиот парламент во одлуката за прифаќање на францускиот предлог, даваат основа за да има разбирање за нашите позиции во процесот.

И додека секоја страна си ги толкува лошите и добрите стѕрани на предлогот, министерството за надворешни работи бара од официјална Софија да го осуди говорот на омраза и територијалните претензии кон Македонија, откако за време на расправата за Францускиот предлог во бугарското собрание, дел од пратениците носеа написи на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“.

„Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и спротивни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.“ - изјави Министерство за надворешни работи на Македонија.

Откако неколку владини партнери најавија дека ќе го напушттат Димитар Ковачевски доколку го прифати францускиот предлог, друг коалициски партнер смета дека тој е добар за македонија.. Според ВМРО-Народна одлуката на бугарското собрание со кој се поддржа францускиот предлог, не само што го отвора патот на Европската интеграција на државата туку и ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент со која беше донесена рамковната позиција за Македонија.