Бугарските пратеници со посебна декларација ја осудија антибугарската реторика во Македонија

Софија усвои нова Декларација - Скопје ја отфрли како спротивна на реалноста и Договорот за добрососедство.

На еден ден пред распуштање на Бугарското собрание, без дискусија, со 184 гласа ЗА и еден воздржан, сите бугарски политички партии, го поддржаа документот со 9 точки во кој се осудуваат, како што пишува во документот - актите на насилство врз Бугарите во Македонија, тешкиот напад врз Пендиков, има приговор за неспроведување на Договорот за Добрососедство и точка против измените на законот за здруженија во земјава.  

Екатерина Захариева ГЕРБ -  Атибугарската кампања која ескалира во Република Северна Македонија се заканува на внесувањето на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат за членство во ЕУ. Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политички простор на Сееврна Македонија и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите.

Новиот бугарски документ не соодетствува на договорената полтика меѓу Скопје и Софија.  Велат дека Македонија посветено работи на Договорот за Добрососедство, законот за фондации и здруженија не е насочен против здружувањето на ниту една етничка заедница, а за случајот со Пендиков, макеодонските власти навремено реагирале, затоа бројните изјави за овој случај, МНР ги смета за преувеличени и неосновани, кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста. 

- Секој чин на провокација од која било страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји .Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите. - реагираше МНР.

А од Брисел денеска пристигна порака дека потребни се напори и од Скопје и од Софија за да се избегнат непотребни тензии. Европската Комсијија за телевизија 24 порача дека внимателно следи се што се случува и дека треба да се избегнуваат изјави и постапки кои негативно влијаат на односите. По средбата на еврокомесарот Вархеји со македонските Бугари, портпаролката на ЕК Ана Писонеро за ТВ 24 вели:

- Земјата дава добар пример за мултиетничко општество. Затоа, со измена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права. Уставниот амандман автоматски ќе активира уште една Меѓувладина конференција, без натамошна одлука. Ги повикуваме сите политички сили, вклучително и опозицијата, да работат за ЕУ иднината на својата земја. Билатералните прашања не се услови во пристапните преговори.

Декларацијата на бугарското собрание и одговорот од македонскот МНР доаѓа на два дена пред чествувањето на Гоце Делчев во сабота.