Бугарските дипломати не дојдоа на одбележувањето на 80 години од Холокаустот на Евреите во Битола

Претставници од Бугарската амбасада во Македонија и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола не се појавија да положат цвеќе пред камената менора во центарот на Битола за време на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на битолските Евреи.

За разлика од нив, меѓу дипломатите кои положија цвеќе беа амбасадори и конзули на повеќе европски држави, Германија, Франција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други. Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Битола изјави дека испратиле покани до сите амбасади и конзулати во земјава. 

„Покани се упатени до сите амбасади и конзулати, до целиот дипломатски кор. Ние имаме одбележување на комеморацијата три дена. Денес е во Битола, утре во Штип и на 12 март во Скопје, кој каде ќе дојде секој сам одлучува“, рече Леви. мултилатерални прашања за кои треба да биде загрижена и целата Европа и целиот свет“, рече Леви.