Бугарскиот јавен обвинител: Немало туби со нафта, имало знаци на кочење, банкината опасна за безбедноста
Foto

Бугарскиот јавен обвинител: Немало туби со нафта, имало знаци на кочење, банкината опасна за безбедноста

Директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов на прес-конференцијата по случената трагедија кај „Струма" во Бугарија рече дека, според првичните информации најверојатно се работи за човечка грешка која најверојатно се случила поради отежнато и несоодветно обележувања на автопатот. 

Сарафов вели дека банкината во која што удрил возачот со автобусот е опасна. Тој посочи дека обдукциите се завршени и сите покажуваат дека настраданите починале како последица на задушување од пожарот, а не од повреди здобиени од ударот, ниту пак од експлозија.

„Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не и е местото таму. Немало експлозија. Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов.

Тој рече и дека досега се испитани двајца сведоци, патници во автобусот коишто биле будни во момент на инцидентот.

Сарафов, за верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата рече:

„Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт“.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали.

0 Коментари

Остави коментари