Бугарскиот државен врв со поддршка ја „дочека“ Ива Михаилова – дома лавина реакции, се бара одговорност
Бугарскиот државен врв застана зад Ива Михаилова ...Еден ден откако стигна во Софија, поради лекување во болницата Пирогов, првите луѓе на најважните бугарски институции, со отворена поддршка за Михаилова, која во македонија е обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици... Од Бугарското МВР, велат дека сега откако е во Бугарската престолнина ќе биде сослушана за да се утврди како го минала граничниот премин.. Доколку не се чуствува безбедно, ќе добие и заштита..
Иван Демерџиев - Министер за внатрешни работи на Бугарија: „Ќе бидат преземени дејствија за таа да биде сослушана, да се утврди дали, кога, каде и на кој начин ај помионала границата. Ќе провериме и дали имаат потреба од обезбедување, а доколку имаат, тоа ќе им биде доделено.“
И од бугарското министертсво за надворешни работи тврдат дека не биле известени за одлуката на Михаилова и дека не го организирале патувањето... Не пропуштија можност и да ги критикуваат македонските власти, дека недоволната грижа на институциите, ја принудиле Михаилова да се реши на ваков чекор.. ...
Велислава Петрова-Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија: „Министерстото за надворешни работи не учествуваше на ниту еден начин и не бевме известени за преземените дејствија од нивна страна. Во овој случај, попрво сме сведоци на фактот дека за еден хуманитарен случај кој не доби соодветна реакција во Македонија се прибегнало кон некакви очајни дејствија.“
И претседателката на Бугарија тврди дека од неа не била побарана помош, Ива Михаилова, без никаков проблем, од македонска да премине на бугарска територија..
Илијана Јотова – претседателка на Бугарија: „Не, од моја страна не се бараа дејствија. Ќе почекаме да видиме каков е заклучокот на бугарските специјалисти , но и да ја задржат во болница, ќе направам се што е можно за да се видам со неа.“
Реакции има и на македонската политичка сцена..Од СДСМ бараат оставка од министерот Панче Тошковски и велат дека на граничните премини, покрај тоа што има непречен транспорт на дрога, сега може слободно да се движат и бегалци од правдата...
И од Демократскиот сојуз побараа институциите да уврдат како толку лесно Михаилова успеала да ја напушти државата..Според партијата, можеби намерно е одбран токму овој период за да се спроведе, како што велат, нејзиното бегство..
Демократски сојуз: „ Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. “
Во изминатите месеци повторно се актуелизираше прашањето за Ива Михаилова која покрај македонски има и бугарски пасош...23 годишната Михаилова, обвинува дека во изминатава година, била под голем притисок и репресија поради нејзиното бугарско потекло и самосвест.

